ПO КАТЕГОРИИ
НАЈВАЖНО
ПО ИНТЕРЕС
ПО ФАКУЛТЕТИ
11.07.2022
Новак Ѓоковиќ заработи над 2 милиони евра со титулата на Вимблдон
Автор: Goce Author

Новак Ѓоковиќ го зголеми своето богатство за нови 2.361.520 евра, колку што заработи со триумфот на овогодинешниот Вимблдон.

Фото: Wimbledon.com

Српскиот тенисер од освојувањето на овогодинешниот Вимблдон заработи 2.361.520 евра.

Оваа сезона лондонскиот Грен слем го имаше најголемиот награден фонд во историјата, со што ја проби границата од 40 милиони фунти.

Новак Ѓоковиќ се наметна на врвот на листата на играчи по заработени пари во кариерата и сега е близу 150 милиони евра.

Финалистот на Вимблдон, Ник Киргиос, собра 1.238.798 долари, од кои ќе му бидат одбиени 15.000 долари поради прекршување на кодексот на облекување.

Рафаел Надал го напушти Лондон побогат за 631.707 евра, со тоа што останува тенисер со најголема заработка во досегашниот дел од сезоната – 6.245.395 евра.

Yoco Join – иницијатива за поактивни млади
Истражувања: ​Преку 95% од обложувачите на спортска долгорочно се во загуба