

Дали ќе гледаме депонии без разни летечки пластични ќеси од кои животните јадат, и истите се трујат со микропластика во Македонија? Дали ќе им дојде крајот на сите тие болести поврзани со труењето на живиот свет, како и случаите со заробени животни со пластика околу вратот, нозете и сл.?
Република Северна Македонија донесува закон за крај на употребата на пластични ќеси од декември годинава. Од министерството за животна средина на РСМ пренесуваме:
Па така од декември годинава ќе нема можност да се купат, ниту да се користат пластичните ќеси.
Во контраст на тоа ќе можат да се користат новите био-ќеси кои лесно и брзо се разложуваат во почвата на депониите. Био разградливите продукти биле подобри за рециклирање, како и не биле отровни за живиот свет. Дали тоа ќе придонесе кон промена на загаденоста во нашава држава останува да се види.
(прочитајте и: https://goce.mk/shtip-ima-tekstilen-otpad-ko%d1%98-treba-da-se-reshava/ )
Но, ако гледаме од другите поразвиени држави, во целиот свет се приоѓа кон био разградливите продукти како замена за пластичните продукти, ќеси, шишиња за вода, материјали за пакување и слично… Државите како Германија, Австрија, Канада, се едни од „најзелените“ држави со вакви закони за животна средина.
Светските статистики велат дека повеќе од еден милион пластични ќеси завршуваат на депониите секоја минута. Во светот се користат преку 500 милијарди пластични ќеси годишно , што значи за по 150 ќеси за секој човек на планетава. На почетокот на 2020 бројот на пластичен отпад е поголем од бројот на риби во морињата, ситуацијава е алармантна и мора да се почне од некаде.