
Денеска четири скопски училишта повторно беа цел на анонимни дојави за подметнати бомби. Ова е шести пат да има дојави за подметнати бомби во скопски училишта, но за разлика од минатата недела, овојпат дојавите стигнаа во текот на првата смена, односно точно во 9.30.

Image by Freepik
Веднаш се спроведе безбедна евакуација, а на терен пристигна полицијата и се вршат антитерористички проверки. До сега МВР утврди дека се работеше за лажни пријави, а испраќачите вешто и бегаат на полицијата. Приведено беше едно лице, кое потоа беше пуштено бидејќи ОЈО утврди дека не е поврзано со пријавите за поставени бомби.
Од Министерството за внатрешни информираа дека се преземени мерки за безбедно евакуирање на училиштата и во тек се антитерористички проверки.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот, велат од МВР. Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, е дека пораките се испраќаат надвор од државава.
Случајот со дојавите за подметнати бомби денеска го искоментира и премиерот Димитар Ковачевски. Тој истакна дека не случајно се таргетираат школите.
„Ова што се случува е исто така дел од една таа стратегија за такви хибридни напади. Мора да бидете свесни дека МВР при такви дојави мора да интервенира бидејќи се работи за школи и не случајно тие таргетираат школи бидејќи најчувствителни се луѓето кога се работи за школи бидејќи нашите деца учат во тие школи. МВР нормално дека интервенира, секторот за електронски криминал нормално дека согласно своите надлежности ги испитува сите можни податоци за да се дознае од каде доаѓаат тие лажни дојави. Јас се надевам дека тие што тоа го прават ќе сфатат дека Европа треба да живее во мир а не во страв и неизвесност“, нагласи Ковачевски на пресконференцијата.
Засега нема успешен одговор на надлежните за откривање кој стои зад анонимните дојави. Сето тоа го зголемува стравот кај учениците и родителите. За потсетување, слична ситуација имаше во соседна Србија, кога во еден период секојдневно имаше дојави за подметнати бомби во училишта.