
МОН воведува нови стипендии кои се наменети за студенти на студиските програми за преведување и толкување од македонски на албански јазик и обратно.
Конкурсот за студентски стипендии на Министерството за образование и наука за академската 2022-23, нуди и две нови категории на стипендии. Тие се резултат на информациите за недостиг на кадар во одредени области.
Едната категорија ќе биде наменета за студентите запишани додипломски студии од прв циклус на јавните и приватните високообразовни институции на студиските програми за преведување и толкување од македонски на албански јазик и обратно (мајчин јазик) и преведување и толкување од албански на македонски јазик и обратно (немајчин јазик). Другата категорија пак, ќе биде наменета за студенти запишани на додипломски студии од прв циклус запишани на студиски програми по историја на уметност, археологија, ликовна уметност и етнологија и антропологија.
Продолжен Конкурсот за стипендии за најдобри светски универзитети
Висината на двата вида стипендии ќе изнесува 6.050 денари месечно. Право на аплицирање имаат студенти со висок успех во учењето до тековно запишаната студиска година со најмалку 7,50 просечен успех.