ПO КАТЕГОРИИ
НАЈВАЖНО
ПО ИНТЕРЕС
ПО ФАКУЛТЕТИ
05.06.2022
Новинар не може да одговара кривично за напишан и објавен текст
Автор: Goce Author

Автор на текстот: Мирко Наџаков (дипломиран правник)

Со влегувањето на сила на Законот за граѓанска одговорност за навреда и клевета(lex specialis) од 2012 , беше воведена граѓанско-правна одговорност за навредата и клеветата. Оваа материја пред влегувањето на сила на овој Закон, беше регулирана во Казнениот Законик.

Photo by AbsolutVision on Unsplash

Со декриминализацијата на оваа материја, новинар не може да одговара кривично за напишан и објавен текст. Новинарите добија една огромна цивилизациска и демократска придобивка и од тој момент не се изложени на кривичен прогон.

Регулирањето на навредата во голема мера е усогласена со меѓународните стандарди и принципите на Европскиот суд за човекови права.

Дали може редовен студент да заснова работен однос?

Дефиницијата опишана во член 6 од овој закон гласи:

“За навреда одговара тој што со намера да омаловажи, со изјава, однесување, објавување или на друг начин ќе изрази за друг понижувачко мислење, со кое се повредува неговата чест и углед.”

За навреда сторена преку средство за јавно информирање (медиуми), можат да одговараат авторoт на изјавата, уредникот или лицето кое го заменува во средството за јавно информирање и правното лице.

Посебно може да се издвои членот 7 став 3 каде: “Не е одговорен за навреда тој што ќе изнесе понижувачко мислење за носител на јавна функција во јавен интерес, ако докаже дека тоа е засновано врз вистинити факти, или ако докаже дека имал основана причина да поверува во вистинитоста на таквите факти, или ако изјавата содржи оправдана критика или поттикнува расправа од јавен интерес или е дадена во согласност со професионалните стандарди и етика на новинарската професија”.

Бензинските пумпи во Германија нудат електрични автомобили

Во однос на клеветата во член 8 е дефинирана како:

За клевета одговара тој што за друго лице со утврден или очевиден идентитет, со намера да наштети на неговата чест и углед, пред трето лице изнесува или пронесува невистинити факти што се штетни за неговата чест и углед, а знае или бил должен и може да знае дека се невистинити.”

За поздравување е одредбата од член 18:

„Судот не може да досуди како надоместување на нематеријална штета предизвикана со навреда или клевета од новинар во вршење на новинарска професија износ поголем од 2.000 евра во денарска противвредност.”

Со овој Закон, донесесен по иницијатива на Здружението на новинари на Македонија не само што се изборија да не бидат кривично одговорни новинарите, туку и една од целите која ја остварија денес беше и поставувањето на повисок праг на толеранција на критики на медиумите кога во прашање се носители на јавни функции и кога медиумите третираат прашања од јавен интерес.

Професорка по имунологија одговара дали е возможно да имаме колективен имунитет без вакцинирање на децата?
Како стресот од испитната сесија влијае врз менталното здравје на студентите?