ПO КАТЕГОРИИ
НАЈВАЖНО
ПО ИНТЕРЕС
ПО ФАКУЛТЕТИ
08.03.2023
Новинарка од БиХ трпела дискриминација од својата уредничка

Според приказната на Џана Брканич , новинарка од Босна и Херцеговина, таа била подложена на дискриминација која потекнувала од нејзината уредничка. Иако стереотипски, мислиме дека дискриминацијата и неправдата потекнуваат од мажите, сепак и неедуцираните жени може да се стават во положба на дискриминатори.

Приотизирањето на новинарите довело до крадење на идеи, земање поголема плата за иста работна позиција и давање за слобода да вербално и сексуално ги вознемируваат нивните колешки.

Институциите вината ја бараат во новинарките

Според Брканич, институциите како и да не постојат кога се во прашање ваквите проблеми. Често се случува и институциите да бараат вина во новинарките за неправдата која им е нанесена па се слуша и прашањето „А за која тема пишување ти? Може не им се допаднала, па така постапиле“ и го оправдуваат однесувањето и нападите.

(ВИДЕО) Новинарки во регионот ден денес трпат вознемирување на работно место

Самите медиуми не го споделуваат проблемот со јавноста

Медиумите на еден начин се ограничени со вестите и репортажите, па дискриминацијата против жените и родовата нееднаквост никако да дојде на дневен ред, смета Брканич. Јавноста не е запозната со проблемот со кој се соочуваат, но дури и да се запознае, недоволната едукација за родовата еднаквост и правата на жените ќе го направи своето. Поголемата едукација за правата и еднаквоста е неопходна за да се почне со решавање на проблемот кој ги зафака и помладите генерации кои често се соочуваат со вакви проблеми.

Во продолжение погледнете го целосното интервју со Џана Брканич.

(Видео)Украден идентитет: Како со вештачка интелигенција се злупотреби името на доктор Никола Пановски?
(Аудио)Мојот став: Петки за молк, единици за став: Размислување на пауза–каде затајува образованието?