ПO КАТЕГОРИИ
НАЈВАЖНО
ПО ИНТЕРЕС
ПО ФАКУЛТЕТИ
31.01.2024
Новинарска награда за стории од загаден воздух за ГОЦЕ.МК
Автор: Goce Author

Новинарите Тони Михаилов и Игор Стојанов од гоце.мк годинава ја добија третата награда за новинарски стории за загадување на воздухот. Наградена беше темата Текстилниот отпад – од загадувач до суровина и производ со нова вредност”, овјавена во 2023 година на медиумот гоце.мк. Наградениот текст беше работен и со поддршка од невладиниот сектор, конкретно со Фондацијата за развој на локалната заедница од Штип.

Новинарската сторија „Тешка зима“ на Катерина Топалова-Дејановска објавена на ДОМА.ЕДУ.МК ја освои првата награда.  Втората награда ја освои новинарката од „Види вака“ Ангела Петровска за „Земја без решение за чист воздух“.

Наградите ги доделува Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ) во соработка со Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП) и Амбасадата на Шведска во Македонија.

Ова е наградениот новинарски прилог:

Текстилниот отпад – од загадувач до суровина и производ со нова вредност

 

Сите наградени

На доделувањето на наградите новинарите Стојанов и Михаилов истакнаа дека оваа награда е резултат на работата на сите млади луѓе кои се дел од овој медум, како и на меѓународната соработка која гоце.мк ја остварува уште од самото основање. Ова е втора награда која ја освојува медиумот за млади гоце.мк.

Гоце.мк со награда за новинарски текстови

 

Здравствени политики за сите
Институционалното насилство врз трансродовите лица сериозен проблем