Кина не престанува со истражувањата на темната страна на Месечината.
Тимот кој го испрати кинескиот ровер Јуту-2 објави труд во списанието ,,Science Bulletin’’ каде опишуваат предмети кои личат на ,,проѕирни стаклени топчиња’’.
На сликите направени од панорамска камера на роверот се забележуваат стаклени сфери во дијаметар приближно од еден сантиметар.
Иако е изненадувачки, стаклото било откриено на Месечината и порано, a предизвикано е од удари на метеорити или претходна вулканска активност на Месечината.
Сепак, стаклото што научниците велат дека го открил Јуту-2, е невообичаено бидејќи сферите се поголеми од стаклото кое обично се наоѓа на Месечината. Исто така, најновите стаклени примероци имаат уникатна светло-кафеава боја и се проѕирни.
„Глобулите едноставно ни го поматуваат умот бидејќи се толку уникатни на Месечината“, изјавил д-р Жијонг Ксијао, професор во лабораторијата за планетарна животна средина и астро биолошки истражувања на Универзитетот Сун Јат-сен и главен автор на студијата.
,,Ова откритие може да биде неверојатно вреден ресурс за идните лунарни колонии да произведуваат стакло за градежен материјал или алати’’ , вели Жијонг Ксијао.
Се разбира, веројатно сме далеку од производство на стаклени прозорци и оранжерии на Месечината, но сепак тоа е многу фасцинантно откритие.