

Крајот на годинава и дочекот на новата може да го поминете во Гевгелија на отворено и да уживате во музиката од локалните изведувачи на Градскиот плоштад.
„Гевгелија заедно во Новата година“ е настан организиран од општина Гевгелија, со цел новогодишниот дочек да помине во пријатен амбиент. На сцената ќе настапат повеќе музички локални изведувачи како што се: Оливера Станковска, „Лајф бенд“, „Фрка бенд“ дуо Борис Ќаев и Мартин Костадинов, „Панта реи“, Дејан Малзарков и DJ Mad Kid.
Гоце.мк – Сите новогодишни хумани гестови – (goce.mk)
Дочекот започнува во 20:00 часот, а притоа се запазени сите протоколи за заштита од Ковид – 19.