ПO КАТЕГОРИИ
НАЈВАЖНО
ПО ИНТЕРЕС
ПО ФАКУЛТЕТИ
18.02.2022
Ноќ на идеите: „Што по пандемијата?“
Автор: Goce Author

Како и секоја година, Ноќ на идеите и годинава има за цел размена на идеи помеѓу интелектуалците од различни земји, култури и генерации.

Петок 18 февруари 2022 година, 19:00 часот | Europe House

Линк за следење на настанот: https://us02web.zoom.us/j/85440691308

 

Седмото издание на меѓународната манифестација Ноќ на идеите има за тема живот по пандемијата, а целта е дебата да се обмислат отпорноста и обновата на општетствата соочени со комплексни предизвици во време на пандемија, потоа да се поттикне солидарноста и соработката меѓу поединците, групите и државите, како и мобилизацијата на граѓанските општества и надминување на предизвиците.

Францускиот институт во Скопје му се приклучува на овој голем настан поканувајќи тројца интелектуалци кои ќе дадат свои видувања на неколку прашања.

Кои поуки може да се извлечат од големата пандемија што го погоди светот?

Каква визија можеме за да имаме денес за иднината?

Како да се реобмисли животот по овие долгите периоди на затворање?

Учество ќе земат:

г-дин Пјер Касу-Ногуес, француски филозоф, професор на Универзитетот Париз 8 и автор на повеќе дела,

проф. д-р Ана Димишковска, професор на Филозофскиот факултет во Скопје и

проф. д-р Емилија Јаневиќ, професор на  Факултет за медицински науки во Штип.

Дебатата е со симултан превод.

(Видео) Единствената уметница во Македонија која слика со уста
Студентски оброк, лажни соопштенија-ќе продолжат ли преговорите?