ПO КАТЕГОРИИ
НАЈВАЖНО
ПО ИНТЕРЕС
ПО ФАКУЛТЕТИ
12.09.2024
Објавен RISE повик за поддршка на млади претприемачи
Автор: Goce Author

АРНО (Асоцијација за развој на нови опции)  го отвори петтиот RISE повик за поддршка на млади социјални претприемачи .  Сите млади кои имаат идеја за бизнис кој прави добро за животната средина и за луѓето,  да аплицираат на RISE повикот со своите тимови најдоцна до 20-ти септември преку пополнување на пријава. Преку програмата младите можат да добијат парична поддршка од 2500 евра, обуки, менторство и поврзување со млади од регионот.

Сите кои се заинтересирани за социјално претприемништво и програмата RISE во петок , 13 септември можат да учествуваат на Инфо сесија. Таа ќе се одржи во Котур Кафе и Филм во 17 часот. На инфо-сесијата ќе може да се добојат повеќе информации, а учесниците ќе  добијат бесплатни прирачници за социјално претприемништво.

„ Се одлучивме да направиме поинаков настан за да ги охрабриме младите. Свесни сме во какви неизвесни времиња живееме и сакаме искрено да зборуваме за социјалното претприемништво, и зошто се потребни  програми со знаење и секаков вид на поддршка. И така, токму на петок 13-ти во 17 часот во КОТУР, АРНО  ќе промовира алатки за социјални претприемачи и ќе има го одбележи денот (озогласен како несреќен) преку разговор и дружба со локални социјални претприемачи Александра Бела од УРМА, Кристиан Шопов (Еко-магионичар и Среќотворец) и Магдалена од Лице в лице. Овие настани се важни затоа што градиме заедници, не сме тука од денес за утре, туку за многу нови генерации. Покана до сите да дојдат, треба само да пополнат формулар за да знаеме и колку колачиња со порака да направат од Амброзија-социјален бизнис од Неготино од претходната програма на RISE“ изјави Стефани Пренкова од АРНО.

RISE поддржа повеќе од 500 млади и 175 идеи од Западен Балкан

Програмата RISE на регионално ниво поддржа вкупно  повеќе од 500 млади и  175 идеи од Западен Балкан. Преку RISE млади луѓе од регионот основаа социјални бизниси кои преку изработка на облека и модни додатоци интегрираат жени-бегалки во Србија (Women on the way), овозможија планинарски тури за промоција на локален алтернативен туризам и поддршка на локалното население во Валона, Албанија (Reality Escapers), основаа кетеринг служба во Неготино со работна интеграција на жени со помалку можности (Амброзија) и многу други успешни приказни.

Организации се обидуваат преку мотивирачки обуки да ги задржат младите во Македонија

Проектот RISE е ко-финансиран од Француската агенција за развој (АFD), Регионалната канцеларија за младинска соработка (RYCO) и Еразмус + програмата на Европската Унија.
RISE е предводен од конзорциум составен од Регионалната канцеларија за младинска соработка (RYCO), ГРУПА СОС Пулс (SOS Pulse Group) и Француско-германската канцеларија за млади (ОFAJ), а имплементиран од шест локални инкубатори – АРНО (Македонија), Балканска Зелена Фондација (Косово)*, Нешто више (Босна и Херцеговина), Смарт Колектив (Србија), ИЕЦ Технополис (Црна Гора) и Социјален Бизнис ЈУНУС (Албанија).

(Видео) Единствената уметница во Македонија која слика со уста
Студентски оброк, лажни соопштенија-ќе продолжат ли преговорите?