ПO КАТЕГОРИИ
НАЈВАЖНО
ПО ИНТЕРЕС
ПО ФАКУЛТЕТИ
18.11.2025
Објавени резултатите за средношколски стипендии
Автор: Goce Author

Стипендии добиваат 1030 средношколци од различни категории, резултатите се објавени на веб страницата на Министерството за образование и наука.

Министерството за образование и наука ги објави резултатите од конкурсот за доделување  ученички стипендии за учебната 2025-2026 година.

 

МОН информира дека сите апликанти ќе добијат решение преку електронскиот портал e-uslugi.mon.gov.mk во делот „Мои апликации“ во колоната „Документ за одлука“ и дека незадоволните апликанти не треба да поднесуваат приговори или жалби пред да добијат решение.

 

-По добивањето на решението, жалбите се поднесуваат до Државната комисија за одлучување во управна постапка, постапка од работен однос и инспекциски надзор во втор степен, во рок од 15 дена од приемот на решението. Просториите на Државната комисија се наоѓаат на бул. „Гоце Делчев“ бр.18 (зграда на МРТВ кат 11).

Извештај на ЕУ: Македонија мора повеќе да инвестира во младите и образованието

Добитниците на стипендија не треба да доставуваат испечатени и потпишани договори. Сите права и обврски околу користењето на стипендијата се наведени во решението,  наведува МОН во објавата во која се наведени имиња на ученици добитници на некоја од седумте категории стипендии наменети за средношколци.

Вкупно се доделени 1030 стипендии за седум различни категории средношколци.

(Видео) Единствената уметница во Македонија која слика со уста
Студентски оброк, лажни соопштенија-ќе продолжат ли преговорите?