
Министерството за образование и наука ги објави резултатите од Конкурсот за сместување на студенти во државните студентски домови.
Овие резултати се однесуваат на студентите од втора и повисоки години во академската 2022/23 година. Студентите ќе бидат сместени во вкупнои 11 студентски домови, од кои четири во Скопје – ДСД „Гоце Делчев“ , „Стив Наумов“, Томе Стефановским – Сениќ“ и „Пелагонија“. Во Штип државни студентски домови се „Браќа Миладиновци“, „Оаза“, „Логос“ и „Хиљадников“, во Прилеп „Орде Чопела“, во Охрид „Никола Карев“ и во Битола „Кочо Рацин“.
Кандидатите имаат право на приговор по објавените резултати во рок од пер дена од објавување на резултатите, на електронската адреса studentski.smestuvanja@mon.gov.mk .
Резултатите и листите на примени кандидати може да се видат на следниот линк.