
Опфатот на децата Роми во образовниот систем одсекогаш е една од темите која е високо при врвот на приоритети кога станува збор за интеграцијата на Ромите во општеството и борбата за нивен подобар живот.
Тема за која со години се зборува, но ефектите се во најголем дел минимални. Можеби има подобрување од аспект на запишувањето на децата во училиште, но колку тие навистина посетуваат настава, а колку се некаде на улиците или пак на полиња да работат со нивните родители. Основното и средното образование се задолжителни, а кога доаѓа ред за високото образовение, и тука и покрај мерките и финансиските погодности за запишување на младите Роми на факултет, бројките не се задоволителни, а ако се земе предвид дека степенот на образование е многу значаен за подобрувања во целокупниот живот, состојбите во сите други области не може да се очекува да се подобри отколку што се. Тоа покажува дека има уште многу да се работи на поголемо вклучување на Ромите во образовниот систем, барање на начини за мотивирање, преземање мерки и реализирање на кампањи.
Штип е град во кој овие проблеми се зиразени, во кој се уште во некои училишта има чисти ромски паралелки, што не е показател за соживот. Поради ова, во „Соба за дискусија“ разговараме со Ерол Адемов, Виш референт за односи со заедниците во локалната самоуправа Штип.