ПO КАТЕГОРИИ
НАЈВАЖНО
ПО ИНТЕРЕС
ПО ФАКУЛТЕТИ
07.03.2022
Образованието – поттик за продолжување на семејни традиции

При изборот на факултет, покрај условите за студирање, за студентите важни се и други нешта. Меѓу другото,  колку после завршувањето на студиите ќе можат да бидат ангажирани токму во струката во која се образувале, но и во истата да можат да започнат и свои бизниси.

Ова е дел од одговорите на студентите и младите во анкета на goce.mk кога станува збор за применливоста на добиените знаења во пракса и нивното значење во отворањето сопствени фирми. На оваа тема во „Соба за дискусија“ одлучивме да зборуваме за еден карактеристичен регион во Македонија – тиквешкиот, каде главна дејност е лозарството. Токму поради тоа, Универзитетот „Гоце Делчев“ во Кавадарци има дисперзирани студии на Земјоделскиот факултет, со насоката енологија. Праксата покажува дека овој потег е од значење за многу млади кои сакаат да ја продолжат семејната традиција на производство на вино или ракија, но и за ангажман во големите компании, на одговорни места во производството. На овие теми разговаравме со Блаже Стојановски, дипломиран студент кој ја продолжува семејната традиција со функционирање на мала винарија и проф. д-р Виолета Иванова Петропулос од Земјоделскиот факултет на УГД. Дека можностите се и со ангажман во големите компании ќе видиме низ примерот на постдипломецот на УГД, Борис Нечев, главен енолог во винаријата „Бовин“.

Отворени пријавите за пасивни учесници на Интернационалниот студентски конгрес по медицина
Признание „Ацо Шопов“ за Китанов и Мојсова – Чепишевска