ПO КАТЕГОРИИ
НАЈВАЖНО
ПО ИНТЕРЕС
ПО ФАКУЛТЕТИ
15.08.2023
Објавена Шангајската листа – Харвард 21 година по ред на врвот
Автор: Goce Author

Објавено е Академското рангирање на светските универзитети за 2023 година од страна на организацијата „ShanghaiRanking Consultancy“.

Листата и годинава, за нејзината 20-годишнина, не носи големи изненадувања. Меѓу најдобрите илјада универзитети во светот и оваа година нема ниту една македонска високообразовна установа.

Харвард, САД

По 21-ви пат, на врвот на меѓународната листа се наоѓа Универзитетот Харвард. На второ место е Универзитетот Стенфорд, а на трето Институтот за технологија Масачусетс (МИТ) – сите од САД. Американските универзитети, всушност, држат 14 од најдобрите 20 места на Шангајската листа.

Меѓу универзитетите во регионот, подобрување е забележано кај Универзитетот во Белград, кој од позиција меѓу 401-во и 500-то место, сега се најде на позиција меѓу 301-во и 400-то место.

Од српските универзитети, на Шангајската листа се наоѓа и Новосадскиот универзитет кој ја задржа позицијата помеѓу 901-во и 1.000-то место.

И Универзитетот во Загреб го задржа минатогодишниот пласман на позицијата меѓу 401-во и 500-то место.

Изненадување е што Универзитетот во Љубљана испадна од групата на 500 најдобри високотехнолошки установи во светот и сега се наоѓа помеѓу 601-во и 700-то место.

На листата и годинава се најдоа четири грчки универзитети, додека освен македонски, Шангајската листа не содржи ниту еден универзитет од Бугарија и Албанија.

Извор: МЕТА.МК

Патувачки пропусници за Европа за млади до 18 години
Користењето на дигитални алатки – нов пристап за образованието