
Стипендии добиваат 1030 средношколци од различни категории, резултатите се објавени на веб страницата на Министерството за образование и наука.
Министерството за образование и наука ги објави резултатите од конкурсот за доделување ученички стипендии за учебната 2025-2026 година.

-По добивањето на решението, жалбите се поднесуваат до Државната комисија за одлучување во управна постапка, постапка од работен однос и инспекциски надзор во втор степен, во рок од 15 дена од приемот на решението. Просториите на Државната комисија се наоѓаат на бул. „Гоце Делчев“ бр.18 (зграда на МРТВ кат 11).
Извештај на ЕУ: Македонија мора повеќе да инвестира во младите и образованието
Добитниците на стипендија не треба да доставуваат испечатени и потпишани договори. Сите права и обврски околу користењето на стипендијата се наведени во решението, наведува МОН во објавата во која се наведени имиња на ученици добитници на некоја од седумте категории стипендии наменети за средношколци.
Вкупно се доделени 1030 стипендии за седум различни категории средношколци.