
„Очи на Шопов“, пет дена ќе го збогатува културниот простор во Штип, благодарение на иницијативата на учениците од Гимназијата „Славчо Стојменски“. Во програмата која трае од 9 до 13 мај, се сместени ликовни изложби, балетска претстава, концерти, ораторски натпревар. За учесниците во литературниот конкурс и на ораторските вечери се предвидени и награди.
-Ја отвораме манифестацијата „Очи на Шопов“ која ја организираат нашите ученици од гимназијата „Славчо Стојменски“ со сиот нивен жар и ентузијазам и желба за култура. Тие осмислија еден голем проект кој ќе трае пет дена, градот ќе пулсира пет дена во ритамот на музиката, поезијата, фолклорот, кои ќе дадат еден посебен ритам на нашиот град. Младите имаат потреба за култура , имаат потреба да се искажат, истражат. Ние им ја даваме целата поддршка да ги следат идеите на Шопов, кој исто така бил и поет, но и голем општествен работник кој дал придонес во развојот на македонската литература и култура. Младите сакаат да го следат неговиот пример, сакаат да ги оживеат очите на Шопов , да направат еден убав настан за нашиот град, што се надеваме ќе стане традиција – изјави Весна Ристова, директорка на гимназијата „Славчо Стојменски“.
Поддршка на учениците во 0рганизацијата на „Очи на Шопов“, покрај гимназијата, им даде ФРЛЗ, како и повеќе други институции и компании.