ПO КАТЕГОРИИ
НАЈВАЖНО
ПО ИНТЕРЕС
ПО ФАКУЛТЕТИ
14.02.2023
Од 10-те најсмртоносни земјотреси во човечката историја 2 се во Турција
Автор: Goce Editor

Иако е тешко да се спореди земјотрес од пред 200 години и денес, сепак историјата ги бележи земјотресите во кои имало најголем број жртви. Бројот на жртви од природни катастрофи денеска е многу помал отколку што тоа било порано, светот станува сѐ по отпорен. Иако во опасноста од природни катастрофи поопасни се епидемии, поплави или суши, сепак и земјотресите одзеле огромен број на животи во човечката историја. Жртвите од Цунами спаѓаат во жртви од земјотрес иако технички станува збор за поплава предизвикана од земјотрес.

Ова е листата на најсмртоносните земјотреси во човечката историја:

  1. Шанкси, Кина – 1556 година, загинале 830.000 луѓе. Силината на земјотресот била 8 степени според Рихтер
  2. Порто Принц, Хаити – 2010 година, загинале 316.000 луѓе. Силината на земјотресот била 7 степени.
  3. Анталија, Турција – 115 година, загинале 260.000 луѓе. Силината 7.5 степени
  4. Анталија, Турција – 525 година, загинале 250.000 луѓе. Силината 7 степени.
  5. Тангшан, Кина – 1976 година, загинале 242.769 луѓе. Силината била 7.5 степени.
  6. Гинџа, Азербејџан – 1139 година, загинале 230.000 луѓе. Силината е непозната
  7. Суматра, Индонезија – 2004 година, загинале 227.000. Силината е 9.1 степен. Еден од најсилните во човечката историја.
  8. Дамган, Иран – 856 година, загинале 200.000 луѓе. Силината 7.9 степени.
  9. Гансу, Кина – 1920 година, загинале 200.000 луѓе. Силината 8.3.
  10. Двин, Ерменија – 893 година, загинале 150.000 луѓе. Силината е непозната.
  11. Токио, Јапонија – 1923 година, загинале 142.807 луѓе. Силината 7.9 степени.

Некои држави се поотпорни на земјотреси од други, а зависно и од местото каде што ќе се појави самиот земјотрес. На пример Јапонија има регистрирано земјотреси со огромни магнитутди, како онаа во 2011 година од 9.1 степени, но бројот на жртви е далеку помал од земјотресите во други држави. Сепак зависи и местото каде тој се јавил, на пример најсилните регистрирани земјотреси се во Чиле и Аљаска во не толку населени места.

Науката открива: Дружењето навистина го продолжува животот
Македонските научници на едно место: Порталот „е-наука“ може да ти донесе меѓународна соработка, бизнис-партнери и финансирање