ПO КАТЕГОРИИ
НАЈВАЖНО
ПО ИНТЕРЕС
ПО ФАКУЛТЕТИ
19.02.2022
Од 2000 тестирани ученици со скрининг за Ковид, само еден позитивен
Автор: Goce Author

Министерот за здравство Беким Сали, при посета на пунктот за серолошки тестирања за проверка на антитела на граѓани во Битола изјавил дека резултатите добиени од скрининг тестирањата се многу добри и од 2000 тестирани ученици само еден тест бил позитивен.

Доколку резултатот биде ист или сличен и во Скопје, министерот изјавил дека ќе нема потреба од продолжување на тестирањата. Родителите кои масовно биле заинтересирани за ова тестирање е уште еден знак дека јавната свест за здравјето е на високо ниво.

Се плашите ли од вакцините? Кажете ни го вашиот став во врска со тоа!

Скринингот во училиштата беше најавен уште пред почетокот на второто полугодие, а истиот се врши по случаен избор на учениците.

Ваквата одлука беше донесена заради зголемениот број на болни деца од 6 до 14 години.

(Видео) Единствената уметница во Македонија која слика со уста
Студентски оброк, лажни соопштенија-ќе продолжат ли преговорите?