
Европската унија од 2 август 2026 година започнува со примена на клучните обврски од Законот за вештачка интелигенција (AI Act), првата сеопфатна регулатива во светот што ја уредува употребата на системи базирани на вештачка интелигенција, соопшти European Commission.
Регулативата беше усвоена во 2024 година и формално стапи на сила на 1 август истата година, по објавувањето во Службениот весник на Европската унија, како Регулатива (EU) 2024/1689.

Според Европската комисија, правилата ќе се применуваат постепено, при што најобемниот дел од обврските за таканаречените високоризични AI системи започнува да важи од август 2026 година. Регулативата ќе се применува за сите компании што нудат AI-услуги на пазарот на Европската унија, без разлика каде се регистрирани.
Дополнителни информации за фазите на примена и обврските за различни типови на AI-системи се достапни на официјалната информативна платформа
https://artificialintelligenceact.eu.