
Гледајќи го своето лице на online состаноците, последните две години, луѓето се повеќе почнаа да се грижат за тоа како изгледаат и што се’ им недостига: „Апликацијата Zoom ме натера да посакам да сум невидлива“.
Јана – 40 годишна жена, вели дека никогаш не била толку опседната со тоа како ќе изгледа, се додека нејзината работа не почнала да ја работи од дома.
„Отсекогаш сметав дека сум атрактивна и бев навикната да добивам комплиметни за мојот изглед. Но, на online состаноците никој не беше воодушевен од мојот изглед. На камерата сфатив дека сакам корекција на носот и дека устата ми изгледа поразлично од тоа што мислев“.
Додека пандемијата ги наполни online состаноците, истражувањата покажуваат дека е забележан феномен кој е наречен „Zoom dysmorphia“ каде што луѓето кои се почесто го гледат своето лице во камерите се фокусираат на своите физички недостатоци.
Дерматологот Shadi Kourosh чија ординација била отворена цело лето за посети и консултации, изјави дека се забележал голем пораст на консултации за козметички корекции како ботокс, филери, полнење со инекции, ласерски третмани и хемиски пилинг. Таа е коавтор на студијата за овој тренд, објавена минатиот ноември.
Со сите грижи кои ги имавме врз глава, изненадувачки е фактот колку луѓето се загрижени за нивниот изглед – вели Kourosh
Во последователната студија објавена во „Меѓународниот весник за женска дерматологија“, Kourosh и нејзините колеги, откриле дека 71% од анкетираните лица биле загрижени да се вратат на настаните со физичко присуство, а 3 од 10 имале сериозни планови да направат промени во својот изглед. Иако овие бројки не се препишано само заради Zoom апликацијата, факт е дека ерата на online состаноците отвори Пандорина кутија со физичка несигурност.
Ефект на забавно огледало
Додека психолозите стојат на тврдењата дека огледалото ја дава или одзема самодовербата, Kourosh вели дека гледањето самиот себеси на екранот и знаејќи го фактот дека те гледаат и други луѓе, ја одзема самодовербата. Предните камери во комбинација со фокус ги прават очите помали и носот поголем и со тоа ја искривуваат „убавата“ слика за самиот себе. Покрај тоа луѓето не се навикнати да гледаат во самите себе додека ги гледаат други луѓе.
Исто така зголемата технологија и сликите кои се добиваат со различните филтри ги натераа луѓето да сакаат промени кај себе. Реалноста е далеку од сликите на Snapchat, но се поголем број на корисници сакаат да ги отсликаат филтрите во реалниот живот.
Дел од луѓето кои сакаа да го сменат својот изглед, а не успеаа во тоа, почнаа да измислуваат различни начини како да не се појават на состаноците, односно да не бидат видени. Таков пример е Беки Шварц, 24 годишна девојка од Вашингтон – оперативен менаџер за консултанска кариера која што добила автоимуна болест и се соочила со косопад. Заради својата несигурност почнала да ги лаже колегите на состаноците дека нема предна камера и не може да се вклучи, се до тој степен што кога веќе немала излез и морала да вклучи камера ја затемнила собата и закачила украс зад себе кој ќе им го одвлече вниманието на присутните во состанокот.
„Zoom ме натера да го ризикувам мојот живот за поубаво тело“
Сем, 28 годишен аналитичар на податоци во Торонто, вели дека доживеал неверојатни мисли за своето тело и дека постојано стоел пред огледало и ги гледал сите работи кои не му се допаѓаат кај него. Потоа почнал да ја врти камерата во секаков агол со цел да изгледа најдобро што може и на крај завршил на операција за исправување на носот.
Бев задоволен со самиот себе неколку месеци, сега сум на листата на чекање кај терапевт со експертиза за телесни дисморфички нарушувања.
Ерата на новиот виртуелен свет очигледно направи бум од ниска самодоверба. Враќањето во светот со физичко присуство ќе биде тешко повеќе од очекуваното или пак светот ќе стане полн со живи Барби и Кен.