ПO КАТЕГОРИИ
НАЈВАЖНО
ПО ИНТЕРЕС
ПО ФАКУЛТЕТИ
28.07.2023
Одбележување на Светскиот ден за борба против хепатитисот
Автор: Goce Author

По повод Светскиот ден за борба против хепатитисот – 28 Јули, денеска ќе бидат претставени најзначајните активности во борбата против хепатитисот, црнодробниот карцином и други заболувања на црниот дроб во нашата земја.

Image by jcomp on Freepik

Во одбележувањето на 28 Јули вклучени се Министерството за здравство, здружението „Хепар Центар“ – Битола, Универзитетските клиники за гастроентерохепатологија, за инфективни болести, за  дигестивна хирургија, за радиотерапија и онкологија и Одделот за интервентна радиологија.

Како што е најавено, на прес-конференцијата ќе се обратат министерот за здравство Фатмир Меџити, Милан Мишковиќ од „Хепар Центар“ – Битола, како и доктори од Универзитетската клиника за гастроентерохепатологија, од Клиниката за инфективни болести и интервентниот радиолог Наташа Хаџиниколова.

Од  „Хепар Центар“ – Битола информираат дека кампањата по повод Светскиот ден за борба против хепатитисот за подигнување на свеста на населението оваа година ќе се одржи во повеќе градови низ земјава. Ќе бидат претставени резултатите од најновите истражувања и напредокот во лекувањето на хепатитисот B и C, како и црнодробниот карцином.

Клучни во борбата против хепатитисот се превенцијата и раното откривање

Здружението најавува отворање на прв Црнодробен центар, кој, како што наведуваат, е опремен со современа дијагностика и современа терапија, што ќе овозможи да се зголемат шансите за лечење и подобрување на квалитетот на живот на пациентите. Посочуваат и на амбулантно возило од Ургентниот центар, опремено со современи тестови за хепатитис Б, Ц и ХИВ и современ еластограф, каде ќе се врши бесплатен и анонимен скриниг на граѓаните за црниот дроб.

Македонија една од земјите со најголем процент на пушачи во Европа

– Еден од најголемите предизвици во борбата против хепатитисот е превенцијата и раното откривање. Затоа со голема посветеност, ќе ја претставиме нашата мобилна единица, која ќе обезбедува тестирање за хепатитис Б и C, како и ХИВ и еластографија неинвазивна дијагностика базирана на ултразвук која се користи за мерење на (Лузни) оштетувања на црниот дроб или фиброза предизвикани од најразлични заболувања на црниот дроб во осум градови во нашата земја: Скопје, Тетово, Гостивар, Струга, Охрид, Битола, Струмица и Штип. Оваа иницијатива ни овозможува да стигнеме до поголем број на луѓе и да го препознаеме заболувањето во рана фаза, што е од суштинска важност за успешното лекување, велат од здружението „Хепар Центар“ – Битола.

Извор: МИА

(Видео) Единствената уметница во Македонија која слика со уста
Студентски оброк, лажни соопштенија-ќе продолжат ли преговорите?