ПO КАТЕГОРИИ
НАЈВАЖНО
ПО ИНТЕРЕС
ПО ФАКУЛТЕТИ
30.10.2022
Одбојка: Лирија – Штип УГД во понеделник на МРТ 3
Автор: Goce Author

Одбојкарите на Штип УГД во третото коло од Првата одбојкарска лига гостуваат во Жеровјане, на екипата на ОК Лиријa.

Штипските одбојкари ќе имаат два предизвика – да остварат трета победа во низа и да имаат стопроцентен учинок на стартот на првенството и да го подобрат негативниот скор против Лирија.

Во меѓусебните дуели во последните 4 натпревати, води Лирија со три победи, наспроти една на штипјани. Натпреварите помеѓу овие две екипи секогаш биле неизвесни и со доста пресврти, па поради тоа ОФМ го делегираше натпреварот за 31.10.2022 година – понеделник, резервиран термин за одбојка на МРТ3, како дерби на колото.

Во досегашниот тек од напреварувањето, Штип УГД има остварено 2 победи од исто толку натпревари, а пак Лирија една, со тоа што во второто коло беше слободна.

Нова победа за Штип УГД, совладан Универзитет Тетово со 3:1

Да се надеваме дека штипските одбојкари ќе остварат победа со што и ќе го задржат второто место на табелата.

Натпреварот помеѓу Лирија и Штип УГД, може да го проследите во понеделник, 31 октомври на МРТ3 каналот со почеток од 19 часот.

(Видео) Единствената уметница во Македонија која слика со уста
Студентски оброк, лажни соопштенија-ќе продолжат ли преговорите?