
Штип од 14 до 16 јули ќе биде домакин на Балканскиот шампионат во одбојка на песок. На шампионатот учество ќе земат одбојкари и одбојкарки до 22 години. Учесниците се од 5 држави – Србија, Турција, Косово, Романија и Македонија. Секоја држава е претставена со 10 учесници.

Мечевите ќе се играат во спортскиот центар Џексон, кој денеска веќе беше подготвен за шампионатот. Штип и претходно има искуство со организирање на натпревари во одбојка на песок, а се чини најмногу внимание привлече изданието коа се одржа на градскиот плоштад.

Свеченото отворање на Балканското првенство во одбојка на песок е закажано за петок, 14 јули во 20.30 часот во Спортскиот центар Џексон во Штип