
Националниот младински совет на Македонија излезе со реакција во врска со трагичниот настан во Кочани. Потенцираа дека оваа незамислива загуба не е само лична трагедија, туку и страшен потсетник на реалноста која во оваа земја секојдневно живееме – реалност во која животот е несигурен, институциите не функционираат, а чувството на безнадежност станува сè подлабоко.
Оваа трагедија не е еден изолиран случај. Таа е директен резултат на системскиот хаос што владее со години. Недостигот на владеење на правото, корупцијата во секоја пора на општеството, непочитувањето на законите, нефункционалните институции и игнорантскиот однос кон младите создадоа држава во која трагедиите не се исклучок – тие стануваат правило.
Години наназад предупредуваме дека младите во Македонија живеат во општество што не ги штити, не ги слуша и не им нуди перспектива. Наместо вистинска грижа, добиваме институции кои работат селективно, во интерес на поединци и елити, наместо на граѓаните. Тревба безбедност, а добиваме инфраструктура што се распаѓа, јавен транспорт што е несигурен и систем што не презема одговорност. Наместо политики што ќе го подобрат животниот стандард, добиваме ветувања што никогаш не се исполнуваат.
До кога ќе дозволиме животот во оваа земја да биде прашање на среќа, а не на системска заштита? Дали ќе чекаме нова трагедија за да ги добиеме одговорите на прашањата што одамна се знаат? Денес, повторно се соочуваме со болка, но оваа болка не смее да остане само тага – мора да стане акција за:
Не бараме празни ветувања. Бараме дела. Бараме безбедна средина за нас. Оваа држава мора да стане место каде што младите ќе сакаат да останат, а не само да заминат.Не сакаме оваа трагедија да биде само последица, туку и причина да креирираме нов систем кој се грижи за нас.
Денес тагуваме, но мора да се избориме! Дозволивме системот да им го одземе животот на младите, да не дозволиме да ни го одземе и правото да чувствуваме, да искажеме револт и да бараме правда! Оние што го создадоа овој неправеден поредок, денес се обидoa да нè замолчат. Но, нема да престанеме да бараме правда и промени!
#ПравдаЗаМладите #НеЗабораваме #ВремеЕЗаПромени