Александар Лонгуров е млад доктор кој дипломирал на Универзитетот „Гоце Делчев“ во Штип, а моментално е специјализант по општа хирургија во Клиничка болница – Штип и Клинички центар Мајка Тереза во Скопје.
„Иако се уште сум на почеток на мојата професионална кариера, најголем предизвик ми беше одлуката дали да останам во државата или своето знаење да го продолжам надвор од Македонија. Одлуката ја донесов и одлучив да продолжам таму каде што припаѓам најмногу. Се надевам дека Македонија ќе ги препознае сите млади лекари кои сакаат да продолжат со едукација и надоградба на своето знаење и ќе ги задржи да останат да работат и творат во неа.“, вели Лонгуров.
Имено, Лонгуров важи за еден од најдобрите студенти кои дипломирале на Факултетот за Медицински науки и тој на идните лекари им порачува неколку совети , а воедно раскажува и за неговите студентски денови.
Лажните лекови кои ви ги продаваат преку Фејсбук можат да наштетат на вашето здравје
Младиот доктор вели дека љубовта кон медицината ја наследил од своите родители и сакал да ја изучува уште во средно училиште, каде и завршил во средното медицинско училиште СОУ” Јане Сандански” – Штип.
„Како студент имав желба да направам студентска организација која ќе функционира независно и нејзина цел ќе бидат интересите на студентите. Започнавме 2018 година кога со уште двајца колеги ја формиравме организацијата СООМ-УГД. На почетокот беше доста тешко, но за кратко време успеавме да се консолидираме и да направиме два конгреси, една летна школа и уште неколку хуманитарни акции кои беа поздравени од целиот универзитет. Органицацијата постои и ден денес која функционира извонредно, и иако не сум студент сѐ уште сум во контакт со претседателот на СОМА и им стоjам на располагање за секаква идеја и реализација.“, вели Лонгуров.
Во текот на неговите студентски денови, Лонгуров вели дека најголем дел од неговата мотивација ја црпел гледајќи и слушајќи го проф. Д-р Методија Чепреганов.
„Неговите стручни совети се она по кое и ден денес се стремам да се придржувам. Имено, кога станува збор за предавања овде спаѓаат и знаењата пренесени од: проф. Ѓоргоски проф. Марковски проф. Бошњаковски проф. Рушковска и многу други чии што примери и искуства ќе ни користат во текот на целата наша кариера. Кога станува збор за стручна литература и учење од интернет би им препорачал на идните и сегашни студенти да го заследат каналот на YouTube Armando Hasudungan каде можат да најдат многу теми поврзани со студирањето и на еден поинаков начин да пробаат да ја разберат материјата со која се соочуваат. Од YouTube канали би ги советувал да го заследат и каналот на UBS Medicine – Educational media. Кога станува збор за книги дефинитивно ги препорачувам книгите на проф. Д-р Методија Чепреганов „Стресот и ние“, a од странска литература Jordan Petherson и неговите 12 животни правила“, вели Лонгуров.
За идните студенти , тој порача:
„Не се откажувајте од желбите и идеите кои ги имате во текот на студирањето. Кога тогаш ќе дојде време да ги реализирате. Вклучувајте се во повеќе вон студиски активности и правете добро. Само така ќе ја почувствувате професијата што ја учите.“
„Како студент и сега како специјализант практикувам да учам со пишување и раскажување во форма на пишување. Пишувајќи на овој начин со група колеги успеавме да направиме и мини скрипти по одредени предмети кои се надевам дека на студентите и користат сѐ уште. Ги советувам сите студенти да ја учат суштината, а не само теоријата бидејќи само така можат да го извлечат позитивното, и да бидат подобри од самите себе !“, вели Лонгуров.