
Притвор од осум дена е изречената казна за професорот по англиски јазик од гимназијата во Струга „Ибрахим Темо“ заради тоа му нанел повреди на ученикот удирајќи го со боксирач.
Изреволтирани соучениците на нападнатиот излегле на протест барајќи правда за својот другар и ја бојкотирале наставата. Повредениот се здобил со тешки повреди на левата страна од главата и обилно крварење, па завршил на одделение за хирургија. По болничкото лекување бил пратен дома.
Учениците изјавиле дека ова не е прв пат професорот да се однесува лошо кон нив и дека често им се заканувал, па тие одат со страв на училиште.
Од училиштето ги потврдиле исказите на децата, велејќи дека станува збор за проблематичен професор против кој неколку пати биле поведувани дисциплински постапки, а еднаш бил и суспендиран од работа.
Судот во Струга го прифаатила предлогот на Обвинителството и одредила мерка притвор од осум дена за професорот.