ПO КАТЕГОРИИ
НАЈВАЖНО
ПО ИНТЕРЕС
ПО ФАКУЛТЕТИ
14.12.2021
Одрон на пешачката патека во Штип – затворена за пешаци

Одрон од карпи го затвори омиленото место за пешачење на Штипјани. Настанот се случил синоќа, а го пријавиле граѓани кои биле на местото. За среќа нема повредени граѓани, а според тоа што можеше да се види на лице место лесно можел да настрада некој ако се најдел во тоа време на патеката. Заради тоа што карпите се свлекле точно на местото каде често трчаат или пешачат луѓе.

„Патеката ја затвораме за луѓе. Веќе е ограден просторот и моментално се консултираме со стручни лица за начинот на санирање. Морам уште еднаш да апелирам до нашите сограѓани да не ја користат моментално пешачката патека поради опасноста која е евидентна. После консултацијата со стручните лица ќе најдеме начин како да го санираме, но и да го заштитиме просторот за да не дозволиме ова да се повтори повеќе“, вели директорот на ЈП Стипион Игор Ефтимов.

Патката е изградена 2015та година и за кратко стана омилено место за пешачење, рекреација и спорт на штипјани. Актуелниот градоначалник и во својата предизборна програма вети нејзино поголемо одржување и збогатување со содржини.

 

На новогодишниот базар во Штип ќе се продаваат изработки од децата со посебни потреби
Психолог Манева: Социјалните мрежи „меч со две острици“ за менталното здравје на младите