ПO КАТЕГОРИИ
НАЈВАЖНО
ПО ИНТЕРЕС
ПО ФАКУЛТЕТИ
25.11.2022
Оглас за помош на студенти од ранливите категории
Автор: Goce Author

Универзитет „Гоце Делчев“ распиша интерен Oглас за избор на студенти од ранливите категории за ослободување од половина од износот за партиципација за прв циклус студии.

Photo by:life.ugd.edu.mk

Целта е да им се помогне на повеќе групи студенти кои се во ранливите категории и на кои им претставува проблем одвојувањето средства за студирање.

Право на учество на Огласот има секој студент кој запишал зимски семестар на прв циклус студии во учебната 2022/2023 година (во натамошниот текст – апликант), кој припаѓа на некоја од следниве наведени категории и тоа:

  • само еден родител запишан во изводот од Матичната книга на родените;
  • починат родител;
  • еден родител кој го загубил родителското право;
  • едниот родител е непознат;
  • двајца студенти со родители со минимална месечна плата.

Целосниот оглас на следниов линк.

  • Апликациите се поднесуваат до:  Архива на Универзитет „Гоце Делчев“ – Штип, ул. „ Крсте Мисирков “ – 10А – Штип, со назнака: За Комисија за финансии, инвестиции и развој.
  • Апликациите се поднесуваат до: 09.12.2022 година.

Преземено од life.ugd.edu.mk

Отворен повик за наградата ДЕНЕС 2025 за млади визуелни уметници
Сними видео, испрати порака – борбата против сајбер насилството започнува од тебе!