ПO КАТЕГОРИИ
НАЈВАЖНО
ПО ИНТЕРЕС
ПО ФАКУЛТЕТИ
26.04.2023
Охрид SOS: Охридското езеро се „бетонизира“ од албанска страна
Автор: Goce Author

Охридското езеро е во опасност од бетонизација. Охрид SOS објави фотографии од градежни машини кои бетонираат од албанска страна.

„Додека албанските власти во извештајот доставен до UNESCO наведуваа некакви проекти за заштита на Охридскиот Регион, споделуваа фотографии од средби и настани, на терен деновиве се случува нешто друго. Се бетонира во Охридското Езеро, како што се гледа од фотографиите, но немаме повеќе детали. Машините се регистрирани кај Тушемиште. Уште еден доказ дека нема реална заштита на природното наследство на Охридскиот Регион, дека уништувањето продолжува, со несмалено темпо, и од другата страна на границата. Иако тој дел е само четири години на листата Светско наследство, ги преживува истите проблеми и притисоци како и македонскиот дел“ – велат од Охрид SOS.

Според реакцијата на претставниците на ова Здружение, ова е само уште еден доказ дека заложбите за заштита на природното наследство на Охридскиот регион се само на хартија. Уништувањето продолжува, и покрај реакциите на граѓаните.

Фото: FB Ohrid SOS

„На средба со неколку албански организации и жители на Поградец неодамна, имавме прилика да дознаеме за одредени планови и намери кои не се усогласени со стандардите за заштита, кои би можеле да го нарушат биодиверзитетот и чудно е како се форсираат, кога албанските институции се обврзале да го заштитат светското наследство. Не попусто се препорачува од страна на меѓународните организации интегрирана заштита, ускладени закони и стандарди и интегрални планови за управување, од двете држави“ – реагираат од здружението Охрид SOS.

Охридското езеро – сите го „штитиме“, а секогаш е загрозено

Во ситуација кога подолг период се говори за опасноста Охридското езеро да го загуби статусот на Светско наследство заштитено од УНЕСКО, ова е само уште една потврда дека властите од двете страни на езерото не прават ништо да го заштитат регионот.

(Видео) Единствената уметница во Македонија која слика со уста
Студентски оброк, лажни соопштенија-ќе продолжат ли преговорите?