
Омикрон сојот досега најбрзо се рашири низ светот. Помина околу еден месец од неговото откривање, а веќе е доминантен насекаде.
Роби Бхатачарја, експерт за заразни болести во Општата болница во Масачусетс, изјавил дека е неверојатно колку брзо се прошири бидејќи ова се нема случено ниту со еден друг вирус до сега.

Холандскиот виролог Корин Гертсван Кесел од Универзитетот Еразмус во Ротердам во студија предводена од него рекол дека од Омикрон се заразуваат и вакцинирани луѓе, но сепак вакцините ги штитат од тешки клинички слики.
Професорот Дејан Трајковски од Техничкиот факултет во Битола смета дека смртноста од многу помала од Омикрон, за разлика од другите соеви.
Вкупниот број на заразени од Ковид надминал 300 милиони, со што се забележува дека брзото ширење на Омикрон поставил нови рекорди на заразени.
Сепак се препорачува до граѓаните да ги почитуваат мерките за заштита од Ковид и да се вакцинираат.