ПO КАТЕГОРИИ
НАЈВАЖНО
ПО ИНТЕРЕС
ПО ФАКУЛТЕТИ
08.01.2022
Омикрон се шири побрзо од било кој друг вирус до сега?
Автор: Goce Author

Омикрон сојот досега најбрзо се рашири низ светот. Помина околу еден месец од неговото откривање, а веќе е доминантен насекаде.

Роби Бхатачарја, експерт за заразни болести во Општата болница во Масачусетс, изјавил дека е неверојатно колку брзо се прошири бидејќи ова се нема случено ниту со еден друг вирус до сега.


Германија со засилени рестрикции против омикрон 


Холандскиот виролог Корин Гертсван Кесел од Универзитетот Еразмус во Ротердам во студија предводена од него рекол дека од Омикрон се заразуваат и вакцинирани луѓе, но сепак вакцините ги штитат од тешки клинички слики.

Професорот Дејан Трајковски од Техничкиот факултет во Битола смета дека смртноста од многу помала од Омикрон, за разлика од другите соеви.


Омикрон и понатаму откажува летови ширум светот


Вкупниот број на заразени од Ковид надминал 300 милиони, со што се забележува дека брзото ширење на Омикрон поставил нови рекорди на заразени.

Сепак се препорачува до граѓаните да ги почитуваат мерките за заштита од Ковид и да се вакцинираат.

Науката открива: Дружењето навистина го продолжува животот
Македонските научници на едно место: Порталот „е-наука“ може да ти донесе меѓународна соработка, бизнис-партнери и финансирање