ПO КАТЕГОРИИ
НАЈВАЖНО
ПО ИНТЕРЕС
ПО ФАКУЛТЕТИ
21.01.2022
Омикрон забрзано се шири – ова се клучните симптоми

Сојот Омикрон е доминантен вид на Балканот и се шири со голема брзина. Ова е болест која се задржува во горниот, респираторен тракт.  Досегашните податоци укажуваат дека Омикрон предизвикува лесна клиничка слика, особено кај оние кои  се вакцинирани против Ковид-19. Сојот Омикрон наликува на обична настина – која исто така може да биде форма на корона вирусот.


Пандемијата – богатите побогати, сиромашните посиромашни


Фото: The sun

Симптоми има многу, а повеќето наликуваат како кај настинките и другите сезонски вируси, па тешко е да се утврди, без тестирање, дали сте заразени или не.

„Јасно е дека доколку сте вакцинирани, особено со „бустер“ доза, Омикронот предизвикува полесни инфекции“, вели д-р Вилијам Шафнер, експерт за инфективни болести од Универзитетскиот центар во Тенеси, САД.

„Засега, немаме доволно податоци за тоа што предизвикува Омикронот кај невакцинираните луѓе“, додава тој.


Доколку примите бустер доза, нема потреба од четврта вакцина?


Кои се симптомите на сојот Омикрон?

Научниците во САД досега ги откриле следниве покарактеристични симптоми на новиот сој:

  • Кашлица;
  • Чувство на замор;
  • Течење на нос и затнатност.

Но,  неколку извештаи кои доаѓаат од Велика Британија, сугерираат дека повеќето пациенти со Ковид се жалат на еден ист симптом, а тоа е гребење во грлото.

Фото: Fox 13


Омикрон го промени и најпознатиот карневал – Рио без својот сјај и годинава!


Студијата на ZOE COVID, која анализирала десетици илјади заразени пациенти и ги наведува нивните симптоми, истакнува дека болките во грлото и гребаниците биле еден од главните симптоми кај оние кои се заразиле со овој сој.

Покрај гребење, пецкање или болка во грлото, вообичаени симптоми вклучуваат неопислив замор, силни главоболки, болки низ телото и ноќно потење.

Науката открива: Дружењето навистина го продолжува животот
Македонските научници на едно место: Порталот „е-наука“ може да ти донесе меѓународна соработка, бизнис-партнери и финансирање