ПO КАТЕГОРИИ
НАЈВАЖНО
ПО ИНТЕРЕС
ПО ФАКУЛТЕТИ
12.04.2023
OpenAI нуди до 20.000 долари за наоѓање грешки во ChatGPT
Автор: Goce Author

Компанијата OpenAI има намера да ги награди оние кои ќе најдат грешки во четботот ChatGPT.

OpenAI објави програма која ќе ги награди оние што ќе откријат грешки во нејзиниот ChatGPT, OpenAI приклучоците, Open AI API и други сродни услуги, со парични награди кои се движат од 200 до 20.000 долари.

Photo by Andrew Neel on Unsplash

„Ве охрабруваме да пријавите пропусти, грешки и безбедносни пропусти што ги откривате во нашите системи. Со споделување на вашите наоди, вие играте важна улога во правењето на нашата технологија побезбедна за сите“, велат од компанијата.

Оваа програма беше најавена откако грешка ги откри заглавијата на разговорите на корисниците. Исто така и првата порака во новите разговори, како и информациите за плаќање на корисниците на услугата ChatGPT Plus. OpenAI е под притисок за начинот на кој ги штити податоците на корисниците, особено кога станува збор за малолетници. ChatGPT е забранет во Италија токму поради оваа причина.

Kuwait Нews претстави презентерка на вести создадена од вештачка интелигенција

Овие проблеми, како и отвореното писмо потпишано од Стив Возниак и Илон Маск, во кое се повикува на шестмесечен прекин на развојот на системи за вештачка интелигенција, го наведоа OpenAI јавно да ја покаже својата посветеност на безбедноста.

Износот на паричната награда ќе зависи од сериозноста на грешката, но има јасни правила. Сепак, веќе во првите часови беа исплатени неколку парични награди на корисниците кои пронајдоа багови.

Yoco Join – иницијатива за поактивни млади
Патувачки пропусници за Европа за млади до 18 години