Опиени од љубов или опиени од вино, што славите денеска? Верните на традицијата го почитуваат и слават Св. Трифун, заштитник на виното и лозјето, а младите почесто го слават денот на љубовта, Св. Валентајн.
Без разлика што и да славите или пак и да направите комбинација од двата празника и да ги славите виното и љубовта заедно, знаете ли што всушност е Св. Трифун и Св. Валентајн?
Станува збор за два различни светци, Св. Трифун кој е традиционален христијански празник и Св. Валентајн кој што во христијанската црква има друг датум на славење, ама со помош на медиумите бил лесно прифатен овој датум на славење на Св. Валентајн или денот на вљубените.
Свети Трифун живеел во III век и се занимавал со сточарство. Уште како мал имал дарба на чудотворство и исцелувал луѓе. Настрадал во име на верата за време на владеењето на императорот Декиј кога не сакал да принесе жртви на идолите, па бил обезглавен. Бидејќи и самиот светец бил земјоделец и чувал гуски, тој се смета за заштитник на земјоделците, виното и лозјето. Лозарите зарежуваат едно гранче од лозјето со верување дека на есен виното ќе биде слатко за пиење.
Добронамерниот сексизам – „прикриена“ опасност или невино флертување?
Во тоа време живеел и Св. Валентајн. Тој тајно ги венчавал војниците бидејќи им било забрането да формираат семејства. Кога властите дознале за тоа, го обезглавиле. Според легендата, овој светец испратил писмо на слепа девојка која што прогледала кога го добила писмото. Така и настанала традицијата мажите да им испраќаат писма на девојките кои ги сакаат, па денот на вљубените си добил свој датум. Овој ден напрво се прославил во Франција и Англија, а понатаму бил прифатен насекаде ширум светот. Денеска денот на вљубените се прославува со романтични вечери и подарување подароци меѓу партнерите.
Постојат и такви луѓе кои прават комбинација од овие два празници и ја прославуваат љубовта со шише вино. Тие се верни и на традицијата, а исто така и го радуваат партнерот со некој интересен подарок и добро вино, па крајот е загарантирано добар.