ПO КАТЕГОРИИ
НАЈВАЖНО
ПО ИНТЕРЕС
ПО ФАКУЛТЕТИ
21.02.2023
Организирајте си времето, за да си го олесните студирањето

Кристина Паунова е дипломиран електроинженер на Електротехничкиот факултет ,насока Енергетика и обновливи извори на енергија при Универзитет „Гоце Делчев“ во Штип. Моментално Паунова работи во ЕВН Електродистрибуција ДООЕЛ Скопје на позиција специјалист за нови приклучоци. Како дипломирана која најмногу се истакнала на овој факултет со нејзините способности, таа им порачува на студентите неколку совети за да си го олеснат студирањето.

Најпрво ,Паунова тврди дека верувањето во своите способности и продолжувањето напред после наидување на некоја пречка во голем дел ги олеснуваат студиите, а останатите потребни квалитети се посветеноста и желбата за знаење.

Но, и покрај желбата, сепак секој студент се соочува со многу предизвици на патот кон успехот.

„Еден од моите предизвици беше добрата организација на време. Обично мојот ден е целосно исполнет, па морав некако да направам организација на моите обврски за да имам време да завршам сѐ што ми е предвидено“, вели Паунова.

Совети како да ја победите тремата пред испит

За студентите на овој факултет, предизвик на многумина е и математиката бидејќи оваа студиска програма вклучува решавање на многу задачи и проблеми. Но, сепак Паунова како предност го издвојува нејзиното предходно знаење и спремност во областа на математиката и ги охрабрува студентите да не се плашат од решавањето задачи и да ја пронајдат забавата во математиката.

Студирањето е најубавиот период во животот , може да не е тешко, дури да е и забавно

“Прво нешто што ми помогна беше тоа што сакав да учам, да се надоградувам и да го проширувам моето знаење и второ професорите кои ме мотивираа да постигнам успех. Најголем впечаток секогаш ми оставаа предавањата од областа на обновливите извори на енергија и преносните и дистрибутивните системи. Професорите кои ги држеа овие предавања се заслужни за мојата голема заинтересираност кон овие предмети и тие ме мотивираа за постигнување на мојата цел.“, вели Паунова.

Иако многумина од студентите веруваат дека студирањето им е најтешкиот и најпредизвикувачки период во животот, сепак Паунова не се сложува со тоа. Според неа, студирањето е најубавиот период од животот и студентите треба да се научат да ги користат предностите кои им се нуди и да уживаат во истите. За ваквата цел, таа сподели неколку совети кои и го направиле учењето забавно и помалку тешко низ годините додека студирала.

  • Не спремај се за испит еден ден пред полагање, организирај си го времето и почни со спремање 7-10 дена( во зависност од обемот на материјалот) пред полагање, на тој начин ќе можеш целиот материјал да го поминеш темелно.
  • Одлучи кое време најмногу ти одговара за учење дали наутро, преку ден или навечер и посвети 2-3 часа на активно учење
  • На предавања, запишувај забелешки од она што професорот го зборува
  • Доколу материјалот вклучува решавање на задачи, обиди се да посветиш време на пререшување на решените задачи од предавања и вежби
Здравствени политики за сите
Институционалното насилство врз трансродовите лица сериозен проблем