ПO КАТЕГОРИИ
НАЈВАЖНО
ПО ИНТЕРЕС
ПО ФАКУЛТЕТИ
07.03.2022
Осаменоста опасна исто како и алкохолот, загадениот воздух….
Автор: Goce Author

Осаменоста е подмолен ризик за здравјето, речиси еднакво опасен како и дебелината, алкохолот, загадениот воздух. И парадоксално, повеќе ја има во урбаните средини, каде има повеќе концентрација на луѓе.

Фото: The Urban Activist

Студијата, објавена во списанието Scientific Reports, собрала податоци за граѓаните кои живеат во урбаните области ширум светот. Една од грижите е за јавното здравје на поединецот, како и осаменоста, која е многу почеста во големите градови, каде што луѓето се отуѓени.

Авторите на студијата веруваат дека осаменоста може да го зголеми ризикот од смрт за 45%, што е многу поголем ризик од смрт поради дебелина, алкохол и загаден воздух. Осаменоста и пренаселеноста на планетата се многу чести, а научниците истакнуваат дека доколку на луѓето им се дозволи да го видат небото и дрвјата, да слушаат птици, постои можност чувството на осаменост да се намали.

Осаменоста може да се „лечи“ со контакт со природата

Светот троши големи суми пари во борбата за менталното здравје, а лекарите и истражувачите истакнуваат дека контактот со природата ја подобрува сликата за менталното здравје.

„Студиите го доведоа во прашање традиционалниот поглед на градовите како места кои се секогаш лоши за менталното здравје и осаменоста“, вели професор Андреа Мечели, од Кингс колеџот во Лондон, експерт за рана интервенција во менталното здравје.

Мајкл Смит, уметник кој работи на урбани пејзажи, исто така беше дел од истражувачкиот тим. Тој посочи дека еколошкото здравје и јавното здравје имаат речиси исто значење.

Студијата, објавена во списанието Scientific Reports, собрала податоци за граѓаните кои живеат во урбаните области ширум светот користејќи ја апликацијата Urban Mind за истражување.

Беа поставени одговори на прашањата „дали се чувствувате добредојдени меѓу луѓето околу вас“ и „дали гледате дрвја од вашата околина“.

Професорот Кристофер Гидлоу, од Универзитетот во Стафордшир, кој е специјализиран за здравствени истражувања, истакнува дека одамна е познато дека пристапот до природната средина може да ги поттикне социјалните интеракции и врски.

Подкаст Без Притисок: Д-р Стојменов за сите вистини за здрав живот и фитнес

„Студијата дава дополнителна тежина на постоечките докази за нашиот афинитет кон природната средина и потенцијалните придобивки за социјалната благосостојба“, истакна професорот.

Пејзажниот архитект Џоана Гипс истакна дека градовите се шират со голема брзина, со зголемен број на жители, па затоа е неопходно да се создадат урбани живеалишта, бидејќи сите сме поврзани со природата.

(Колумна) Што е демократија? Сигурно не ова што го гледаме денес
И родителите зависни од мобилните телефони