ПO КАТЕГОРИИ
НАЈВАЖНО
ПО ИНТЕРЕС
ПО ФАКУЛТЕТИ
19.06.2023
Основците можат да се пријавуваат во средно – крајниот рок е до задутре
Автор: Goce Author

Деветтоодделенците веќе можат да креираат профили на порталот за е-услуги и да се пријават за упис во средно училиште, иако официјалните денови за пријавување се утре и задутре. Откако ќе се пријават, кандидатите ќе треба да ги однесат во училиште и оригиналните документи за да може да се провери веродостојноста податоците поднесени во електронската апликација.

Пријавувањето и запишувањето на учениците ќе се врши во еден уписен рок со две пријавувања во месец јуни. Ранг-листата на запишани ученици во првиот уписен рок, се објавува на 22 јуни, на порталот е-услуги, како и на веб-страницата на МОН, најдоцна до 9 часот.

Доставувањето на потребната документација во училиштата е на 22 јуни, од 12 до 19 часот, како и на 23 јуни од 7 до 19 часот. Конечната ранг листа за секое училиште со резултатите од запишувањето и слободните места ќе се објават на 24 јуни, најдоцна до 12 часот на огласната табла на училиштето и на веб-сајтот на МОН.

(Видео) Единствената уметница во Македонија која слика со уста
Студентски оброк, лажни соопштенија-ќе продолжат ли преговорите?