ПO КАТЕГОРИИ
НАЈВАЖНО
ПО ИНТЕРЕС
ПО ФАКУЛТЕТИ
14.06.2023
Основците на распуст, ќе добијат ли свидетелства навреме?
Автор: Goce Author

Основците денес ја завршуваат учебната 2022/2023 година, додека учениците од средните училишта уште од петокот се веќе на распуст. Основците доучуваа уште неколку дена бидејќи второто полугодие стартуваше подоцна, откако зимскиот распуст беше продолжен со владина одлука.

Оваа учебна година заврши и без учебници за дел од предметите. Министерот Јетон Шаќири проблемот со учебниците како оној со македонски јазик за трето го лоцира во недоволната заинтересираност на авторите да се пријават на повиците. Решенија ќе се бараат и преку подготвителни материјали. Министерот уверува дека од први септември учебници ќе има. Останува проблем учебникот по македонски јазик за петто одделение, за кој нема кој да го напише.

Останува отворено и прашањето дали ќе се повтори минатата година, кога основците не ги добија навреме свидетелствата. Од МОН убедуваат дека годинава учениците навреме ќе ги добијат свидетелствата.

Основците навреме ќе добијат свидетелства, велат од МОН

Пријавувањето и запишувањето на учениците во средно обраозвание ќе се врши во еден уписен рок со две пријавувања во месец јуни. Ќе се врши преку електронско аплицирање, преку линк до порталот за електронски услуги на Министерството за образование и наука https://e-uslugi.mon.gov.mk со специјална најава за средношколци преку сопствените кориснички сметки на Schools.mk.

Електронско аплицирање за упис во средно училиште

Првото пријавување на учениците е на 20 јуни до 24.00 часот и на 21 јуни 2023 година до 15 часот. Доставувањето на потребената документација до училиштата е на 22 јуни од 12 до 19.00 часот и на 23 јуни од 7  до 19.00 часот. Конечната ранг листа за секое училиште со резултатите од запишувањето и слободните места ќе се објават на 24 јуни .

Квалификациско тестирање ќе се организира во училиштата за средно образование на 26 јуни 2023 година. Конечните ранг листи со резултатите ќе се објават на 26 јуни  година, на огласната табла на училиштето и на www.mon.gov.mk.

(Видео) Единствената уметница во Македонија која слика со уста
Студентски оброк, лажни соопштенија-ќе продолжат ли преговорите?