ПO КАТЕГОРИИ
НАЈВАЖНО
ПО ИНТЕРЕС
ПО ФАКУЛТЕТИ
19.07.2023
Островот Амулијани за сите кои сакаат мирен одмор

Доколку сте љубители на острови, тогаш ова лето посетете го Амулијани во Грција. До Амулијани се стигнува од пристаништето Трипити со траект. Патувањето трае помалку од половина час.

Се наоѓа помеѓу Атос и Ситонија,  во близина на третиот крак на Халкидики, а траект има на секој половина час преку целиот ден. Туристите најчесто се сместени во вили и апартмани, а поретко се наоѓаат хотели. Паркинг просторот исто така не е голем проблем.

Кристално чисти плажи

Овој остров ги комбинира чистите кристални плажи како што се Аликес, Мегали Амос, Карагација… опкружени со маслинови и овошни дрвја. Секоја плажа има посебен бар на кој што најчесто се наплаќаат само првите два реда.  За оние кои што сакаат да спијат наутро и да одат на плажа во подоцните часови, има можност за резервација на лежалки.

На островот можете да најдете традиционални ресторани, кафетерии и барови, каде што можете да се опуштите и да уживате во одморот покрај морето. А за авантуристите има активности како пливање, нуркање и риболов, како и чамци за изнајмување.


(Галерија)Зошто да го посетите Тасос – островот на сирените?


За оние кои сакаат да истражуваат може да изнајмат приватен брод или пак да се пријават за крстарење кое трае 5 часа и се посетуваат околните острови.

Ноќниот живот не е многу застапен, па затоа вечерите се резервирање за вечерање и неколку коктели покрај морето. Во продолжените погледнете неколку слики од островот:

Приватна дива плажа

 

Патување со брод до островот

 

Пристигнување на пристаништето

Пат до плажата Alykes

Мапа на островот

 

Како стресот од испитната сесија влијае врз менталното здравје на студентите?
500 дечиња ќе трчаат на првата детска трка во Штип
Бешлиовска: По 40 медицински сестри месечно заминуваат од јавното здравство