ПO КАТЕГОРИИ
НАЈВАЖНО
ПО ИНТЕРЕС
ПО ФАКУЛТЕТИ
04.04.2025
Отскочна даска – шанса за младите поети
Автор: Goce Author

Четврта година по ред, „Скопскиот поетски фестивал“ го организира настанот „Отскочна даска“, наменет за младите поети на возраст од 16 до 25 години, коишто со своја поезија ќе се претстават на 12 април, со почеток од 20 часот, во кафе-книжарницата „Буква“ во Скопје.

Повикот е наменет за сите што можеби веќе ги објавиле своите први песни во некое книжевно списание, или веќе ја објавиле и својата прва стихозбирка, можеби веќе настапиле на некое поетско читање или чекале токму ваква можност да го направат тоа за да бидат прочитани, видени и слушнати и, споделувајќи ги своите стихови, да стекнат нови пријателства на овој преднастан на фестивалот.

Интерно жири, врз основа на испратените песни, ќе ги избере учесниците што ќе настапат на „Отскочна даска #4“, а вечерта, на поетското читање, тие самите, со анонимно гласање, ќе го изберат најдобриот или најдобрата меѓу нив врз основа на севкупниот впечаток по настапите. Со ова ќе одлучат кој млад поет или поетеса ќе отскокне до официјалното отворање на петтото издание на СПФ и ќе чита како претставник на најмладата генерација заедно со другите повозрасни и етаблирани поети.

Отскочна даска е дел од „Скопски поетски фестивал“

Заинтересираните учесници треба да се на возраст од 16 до 25 години и да испратат куса биографија, фотографија со висока резолуција и две свои песни во Word на мејлот contact@spf.mk најдоцна до 7 април на полноќ.

Имињата на одбраните поети ќе бидат објавени на 9 април на Фејсбук и на Инстаграм страниците на фестивалот.

(ВИДЕО) Сопругата на Ацо Шопов: Колку Ацо даваше за својот народ, толку народот и Македонија му враќа

Одбраниот млад поет/поетеса ќе чита и на официјалното отворање на СПФ во МКЦ на 24 април“, стои во повикот на „Скопски поетски фестивал“.

Скопскиот поетски фестивал, чиешто петто издание ќе се одржи во периодот од 24 до 26 април, е поддржан од Министерството за култура и туризам и од Традуки, а негови помагатели се Младинскиот културен центар – Скопје, кафе-книжарницата „Буква“ и Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ – Скопје.

АНКЕТА: Дали некогаш сте биле цел на сајбер напад?
Отворени пријавите за пасивни учесници на Интернационалниот студентски конгрес по медицина
Признание „Ацо Шопов“ за Китанов и Мојсова – Чепишевска