ПO КАТЕГОРИИ
НАЈВАЖНО
ПО ИНТЕРЕС
ПО ФАКУЛТЕТИ
13.12.2021
Отворен конкурс за фестивал на краток филм – „Филмај 2022“ во Куманово
Автор: Goce Author

„Филмај“ фестивалот на краток филм, организиран од фото – кино клуб „Козјак“ – Куманово, од денес почнува прием на пријави за конкурсот за фестивалско издание за 2022 година.

Кратките филмови можат да бидат играни и документарни, но не и анимирани. Тие треба да бидат со траење од 20 минути и завршени после 1.1.2018 година. Сите заинтересирани можат да се пријават преку платформите FilmFreeway I festhome, најдоцна до 20.3.2022 година. Истите, можат да конкурираат за следниве награди:

  • награда „Лазар Ѓорѓевиќ“ за најдобра режија;
  • награда „Радислав Ристевски“ за најдобра фотографија/кинематографија;
  • награда „Козјак“ за најдобро сценарио;
  • награда за најдобар македонски (домашен) филм.

Авторите можат подетални информации, за правилата и пропозициите, да пронајдат на веб-страната на фестивалот, а тековни известувања и новости ќе можат да се следат на Facebook – страната и на FB- настанот. Имаат право да напишат и електронска пошта на filmaykozjak@gmail.com за да добијат инструкции за успешно аплицирање.

Резултати за наградените филмови на „Филмај 2022“ фестивалот на краток филм – Куманово, се планира да бидат соопштени на 2.5.2022 година, а фестивалот е предвиден да се одржи на 27.5.2022 година во Куманово.

Инаку, најдобар македонски филм на „Филмај 2021“ беше „Неонски срца“ на Ана Јакимска, а прв добитник на наградата беше филмот „Налепница“ на Георги М. Унковски, на второто издание на „Филмај 2020“.

Одбележување на Меѓународниот ден на толеранцијата
Награда за најдобар научник на Универзитет “Гоце Делчев” за 2023