
Го сакаш активизмот, технологијата и идејата дека младите можат да ја зајакнат демократијата? Еве вистинска шанса!
Фондацијата „Метаморфозис“ и Иницијативата за граѓанска писменост, во партнерство со CIVICUS, го организираат Digital Democracy Hackathon – регионален предизвик кој ги поврзува младите активисти и организации од Источна Европа и Централна Азија. Настанот е дел од глобалната иницијатива Digital Democracy Initiative (DDI).
Хакатонот не е само кодирање – туку креативен процес за развој на практични прототипи кои одговараат на реални проблеми: борба со дезинформации, јакнење на дигиталната безбедност или поддршка на младински кампањи.
Право на аплицирање имаат граѓански организации и неформални активистички тимови од Албанија, Босна и Херцеговина, Косово, Молдавија, Црна Гора, Северна Македонија и Турција. Тимовите треба да имаат најмалку двајца членови со различни и комплементарни вештини – од програмери и дизајнери, до истражувачи и активисти.
💰 Грант од 8.000 долари за развој и тестирање на идејата
✈️ Целосно покриени трошоци за учество на хакатонот во Бангкок, Тајланд (1–5 ноември 2025)
👩💻 Менторска поддршка од експерти пред, за време и по настанот
🌍 Пристап до регионална мрежа на иноватори и активисти
Апликациите се поднесуваат онлајн преку официјалниот формулар, најдоцна до 22 септември 2025. Кандидатите треба да изберат еден од понудените сценарија и да предложат иницијално решение. За подобро подготвување, на 12 септември ќе се одржи онлајн инфо-сесија. Повеќе информации најди на: https://ddihackathon.org/#applicant-guide
Повеќе информации и формуларот за аплицирање се достапни на официјалната веб-страница. За прашања може да се пише на: ddi-hackathon-2025@civicliteraci.es.