ПO КАТЕГОРИИ
НАЈВАЖНО
ПО ИНТЕРЕС
ПО ФАКУЛТЕТИ
06.08.2026
Отворен повик за #ИмамИдеја4: Младите претприемачи имаат шанса својата идеја да ја претворат во стартап
Автор: Goce Author

Startup Club Skopje го отвори повикот за четвртото издание на инкубаторската програма #ИмамИдеја4, наменета за млади претприемачи и тимови кои имаат иновативна бизнис идеја и сакаат да ја развијат во функционален стартап.

Станува збор за тримесечна инкубаторска програма во која ќе бидат избрани 15 најперспективни бизнис идеи, кои ќе добијат менторска поддршка, интензивна обука, пристап до инвеститори и можност за претставување пред мрежа на бизнис ангели и инвестициски фондови.

Организаторите информираат дека програмата досега привлекла повеќе од 400 апликации, а низ претходните циклуси биле инкубирани 43 стартапи, од кои дел веќе обезбедиле почетни инвестиции.

Од сите пристигнати апликации, најпрво ќе бидат избрани 30 тимови кои ќе ги презентираат своите идеи на Startup Revolution AI Summit, по што најдобрите 15 ќе продолжат во инкубаторската програма.

Учесниците ќе добијат програма со проценета вредност од 20.000 евра по тим, менторство од основачи на успешни стартапи, како и пристап до најнови алатки базирани на вештачка интелигенција (AI) за побрз развој на прототипи и пилот-решенија.

При изборот ќе се оценуваат квалитетот и капацитетот на тимот, пазарниот потенцијал, иновативноста на идејата и начинот на кој е интегрирана или искористена вештачката интелигенција.

Право на аплицирање имаат тимови со по една бизнис идеја, а рокот за пријавување е 10 септември 2026 година до 23:00 часот.

Сите заинтересирани можат да аплицираат преку онлајн формуларот: https://forms.gle/ihUP4gqoz3Bu4DgcA.

Матурантите со идентичен успех како лани
Државните универзитети ги објавија конкурсите за упис – Сè што треба да знаете на едно место!