ПO КАТЕГОРИИ
НАЈВАЖНО
ПО ИНТЕРЕС
ПО ФАКУЛТЕТИ
17.04.2025
Отворени пријавите за пасивни учесници на Интернационалниот студентски конгрес по медицина

Организациониот одбор на Интернационалниот студентски конгрес по медицина објави дека се отворени пријавите за пасивни учесници. Конгресот, кој ќе се одржи од 15.05 до 17.05, претставува еден од најзначајните настани за млади идни здравствени професионалци во регионот, ќе овозможи присуство на бројни научни предавања, работилници и дискусии.

Право на учество како пасивни учесници имаат сите заинтересирани студенти од Македонија и од странство кои сакаат да го проследат научниот дел од програмата без да презентираат сопствен труд.

„Со задоволство ги покануваме сите љубители на медицината да се приклучат како пасивни учесници.

Ова е одлична можност да се слушнат реномирани предавачи, да се следат актуелни теми и да се воспостават нови контакти“, истакна Иван Андоновски-претседател на Конгресот.

Крајниот рок за пријавување е 5 мај 2025 година, а сите пријавени учесници ќе добијат официјален сертификат за учество.

Заинтересираните можат да се пријават преку официјалниот линк:

 

Признание „Ацо Шопов“ за Китанов и Мојсова – Чепишевска
Кариерен ден на УГД – за полесен избор за средношколците