ПO КАТЕГОРИИ
НАЈВАЖНО
ПО ИНТЕРЕС
ПО ФАКУЛТЕТИ
07.08.2022
Ова е најдобрата спортска фотографија
Автор: Goce Author

Фотографијата на Дејвид Греј на која пеперутка слетува на прстот на јапонската тенисерка Наоми Осака го освои првото место на натпреварот за награди за најдобра спортска фотографија.

Фото: Дејвид Греј 

Бесплатен курс за дигитални фотографии и видео обработка

Создадена е на Австралија Опен во 2021 година и може да се види како четирикратната шампионка на Грен слем и помага на пеперутката што слета на неа.
„Оваа слика го одзема здивот“, рече Сајмон Бартон, еден од основачите на наградата.

„Спортската фотографија доловува посебни моменти и раскажува уникатни приказни, но она што најмногу ве привлекува е откривањето на неочекуваното. Ве тера да погледнете повторно и да размислувате“, вели тој.

Натпреварот се одржува веќе трета година, а овој пат пристигнаа повеќе од 7.000 фотографии од целиот свет, меѓу кои беа и оние од категориите американски фудбал, кошарка, велосипедизам, гимнастика и фудбал.

Предизвиците на боречките вештини преку призмата на поранешниот државен првак
Во Виница свечен пречек за бронзениот кик-боксер Лука Змејковски