ПO КАТЕГОРИИ
НАЈВАЖНО
ПО ИНТЕРЕС
ПО ФАКУЛТЕТИ
10.12.2024
Ова е онлајн играта Навигатор – преку неа младите ќе учат за човекови права
Автор: Goce Author

По повод Меѓународниот ден на човековите права – 10 Декември, денеска беше промовирана онлајн-играта „Навигатор“ – интерактивна и едукативна платформа чија цел е да ги едуцира младите и јавноста за човековите права.

Платформата е креирана од Делегацијата на Европската Унија и мрежата на Јуроп хаус во нашата земја, во партнерство со Канцеларијата на Обединетите нации и Министерството за образование и наука, и во соработка со гејминг здружението „Галактик Омнивор“ и Македонското здружение на млади правници (МЗМП).

„Навигатор“ ќе ги едуцира пред се младите, кои на забавен начин ќе учат и ќе ги откриваат вредностите на човековите права во секојдневниот живот.

Во играта ќе може да се вклучат сите граѓани, достапна е на веб-страницата  на Делегацијата на ЕУ и на: navigator.europehouse.mk, почнувајќи од денеска до 24 декември во 23.59 часот. Играчите што ќе освојат одреден број поени од точни одговори ќе имаат можност да учествуваат во освојување награди подготвени од Делегацијата на Европската Унија, Обединетите нации и амбасадите на земјите членки на ЕУ. Извлекување на наградите ќе биде на 25 декември.

Јана Иванова од Македонското здружение на млади правници на промоцијата ги претстави темите и содржините на „Навигатор“ кои се распределени во девет области односно „планети“, а Иван Кикеров од гејминг здружението „Галактик Омнивор ја претстави „механиката“ на играта односно нејзините пропозиции и начинот на освојување поени.

Топ 5 видео игри што ќе излезат во 2025 година
Меѓународен проект креираше платформа за ресурси за локалните радио станици во Европа