
Со македонскиот пасош можете да патувате во 130 земји, од кои во 81 без виза, во 49 со виза откако ќе пристигнете и целосен виза режим за патување во 68 земји. За разлика од минатата година македонскиот пасош е во подобра позиција, минатата година со македонски пасош можело да се оди во 125 земји.
Според новите податоци, на врвот на листата се Обединетите Арапски Емирати. Граѓаните можат да посетат 180 земји без виза. Второто место го делат Германија, Италија, Шпанија, Франција и Холандија (178).
Зад нив се Австрија, Финска, Франција, Луксембург, Швајцарија и Шведска (177). На четвртото место се Данска, Ирска, Белгија, Португалија, Полска, Ирска и Јужна Кореја (176).
Кога станува збор за регионот, Словенија е на седмо место, Хрватска на осмо место, Србија на 32 место, Црна Гора на 37 место, Албанија на 43, Босна и Херцеговина на 44 и Косово на 86 место.
На дното на Индексот за пасоши на Хенли се земјите чиј пасош овозможува безвизен влез во помалку од 40 земји во светот, и тоа: Северна Кореја (39), Непал (38), Палестина (38), Сомалија (45), Јемен (35), Пакистан (47), Сирија (40), Ирак (29) и Авганистан (41). Целосната листа можете да ја погледнете овде.