ПO КАТЕГОРИИ
НАЈВАЖНО
ПО ИНТЕРЕС
ПО ФАКУЛТЕТИ
26.01.2022
Ова се омилените книги на Томитка Раданлиева, која лани прочита 438

Денеска се дружиме со Томитка Раданлиева од Гевгелија, мајка, сопруга и голем љубител на пишаниот збор. За себе вели дека мирот го наоѓа во пишаниот збор и дека чита уште од малечка.

„Уште како дете, се радував на секоја приказна од сликовниците, потоа, на лектирите и делата во училиште, па дури и на книгите кои ги читав во моето слободно време, како хоби.“, вели Томитка.

Томитка Раданлиева

Заради здравствени причини, почнува да чита од 12 до 15 часа, па минатата година прочитала 438 книги.

Топ 10 најчитани книги во светот

Томитка вели дека нема книга која и оставила најголем впечаток.

„Секоја книга си има своја приказна и своја тежина. Самите книги, со своите различности, беа „виновниците“ заради коишто го засакав пишаниот збор.“

Најчесто преферира книги од различни жанрови, мистерии, трилери, драми, романси, а вели дека не е љубител на  книги за самопомош. Така и ја оставила недочитана книгата „Плацебото сте вие“. Накратко станува книга за авторот потенцира дека мислите се она што може да не‘ излекува.

„Јас верувам дека позитивните мисли имаат позитивно влијание врз нас луѓето, но не верувам дека со позитивни мисли може да се излекува и да се поправи скршен ‘рбет за 9 недели.“, додава Томитка.

За некои луѓе книгите се бегство од реалноста, а за Томитка се терапија. Со книгите патуваме низ различни земји, учиме нови традиции, но, на крајот, книгите се тие коишто не‘ учат на многу работи и не‘ освестуваат. Со книгите запознаваме нови личности и дознаваме многу различни искуства.

Љубовта кон животните – инспирација за трилогија

Ја прашавме Томитка кои книги со непредвидлив крај би ни го препорачала

„Секој читател си има свои жанрови кои ги обожава – не се коментира за вкус. Би ги издвоила книгите на Карлос Руиз Зафон, како мои омилени книги. Овие книги содржат мистика, мистерија, преубави описи на Барселона. Зафон маестрално не‘ вплеткува во приказната и го држи нашето внимание до самиот крај.

‘‘Албум приказни‘‘ од Андонис Георгиу, е првата книга која ја прочитав оваа година и навистина уживав во несекојдневна приказна. Приказните во книгата се повеќе од приказни – тоа се стории од животот, маалски озборувања, војната на Кипар, бегалците, смртта и љубовта. Книгата содржи 270 фотографии од семејни албуми, некролози, рецепти, писма и со нив се заокружува минатото на едно кипарско село. 

Меѓу најомилените книги се и книгите на Себастијан Фицек, кои се маестрални психотрилери, во кои авторот од прва до последна страница си поигрува со нашиот ум.“

 Во новата 2022 година Томитка досега има прочитано 30 книги.

проф. д-р Ивица Смоковски: Дијабетесот е пандемија со многу засегнати лица
Воздухот значително загаден и во градинките и школите